На најновата Листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) има 1.859 должници – правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2.226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа.
Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бизнисмени и фирми и јавни претпријатија на новата листа на должници на УЈП
Проверете дали сте на новата Листа на должници на УЈП
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.