еМагазин
Балкан

Опозицијата во Црна Гора бара Ѓукановиќ да се пријави на „Ѕвезде гранда“

Опозициската партија „Вистинска Црна Гора“ реагира по повод фотографијата на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, како во транс пее со турбо фолк пејачот Ацо Пејовиќ.

Во соопштението испратено до медиумите тие го повикуваат брачниот пар Ѓукановиќ да се пријават во емисијата „Ѕвезде Гранда“, бидејќи, како што велат имаат повеќегодишно искуство на раскалашени излегувања по ноќни клубови.

„Нема подобра слика која би можела подобро да опише во каква состојба е Црна Гора, од она што е приложено. Казино, турбо-фолк, алкохол, обезбедување во манирот на филмот „Кум“ и првата дама Лидија во транс, која повеќе личи на пратечки вокал на фолк пејачка, отколку на жена на претседтаел на држава.

Семејството Ѓукановиќ од државата создава земја по нивна мерка, па така културата, образованието и политиката го сведуваат на турбо-фолк и анти вредности. Стилот на живеење на Ѓукановиќ повеќе личи на монденски отколку што е прилагоден на државата во која просечната плата е 400 евра“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Фрлени шок бомби во српскиот Парламент, три пратенички повредени

Редакција

Во Црна Гора регистриран рекорден број на Ковид-19 случаи за 24 часа

Редакција

Јадранско Море подготвено за сезона: Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела

Редакција