еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на МЦМС и Телма: За Пендаровски со 27,2, за Силјановска 23,5, за Река 11%

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2 отсто) пред Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5 отсто), односно разликата е 3,7 процентни поени, покажаат резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на телевизија Телма.

Во овој извештај „Претседателски избори 2019 – втора анкета“ се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните во земјава во однос на претстојните претседателски избори, добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот од 7 до 11. април годинава.

Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11 отсто од испитаниците, што е речиси идентична со таа од претходната анкета, додека Пендаровски, за разлика од првата анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени.

Резултатите покажуваат дека Силјановска-Давкова има поголема поддршка кај етничките Македонци (32,6 отсто) за разлика од Пендаровски (28,6 отсто).

Пендаровски, пак, има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5 проценти) отколку Силјановска-Давкова (0,4 проценти). Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за 5,3 отсто во однос на претходната анкета.

Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6 проценти).

И во оваа анкета, како и во претходната, мнозинство од испитаниците, односно 68,1 отсто рекле дека ќе излезат, а нешто помалку од една четвртина или 22,5 отсто рекле дека нема да излезат на изборите.

Споредено со претходната анкета, пораснал процентот на оние што сигурно ќе излезат на избори од 37,2 отсто на сегашните 41,8 отсто, а малку се намалил процентот на оние кои сигурно нема да излезат на изборите од претходните 20,4 проценти на сегашните 18,3 отсто.

Големо мнозинство од етничките Македонци односно 71 отсто и мнозинство од етничките Албанци (63,3 отсто) одговориле дека ќе излезат на гласање.

Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 967 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на Рејтинг: За Пендаровски 38,3 за Силјановска 33,2, за Река 12,6 %

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за насилството во Собрание одложено, влошена состојбата на еден од обвинетите

Редакција

Папата Франциско догодина доаѓа во Македонија?

Никола Осило

„Таргет-Тврдина“: Продолжува судењето за масовното прислушување

Редакција