еМагазин
Image default
Балкан

Холандскиот Парламент изгласа враќање на визите со Албанија

Парламентот на Холандија го изгласа барањето на група пратеници за враќање на визите со Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во оваа земја.

– Оваа одлука ѝ дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визниот режим за албанските граѓани го има Европска Унија, објави тиранската телевизија „Топ-чанел“.

Во барање за укинување на визите за албанските граѓани се наведува дека тоа е неопходно поради видно зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија, дека овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и да ја прошират мрежата за криумчарење.

– Бевме приморани да бараме суспензија на визите за Албанија поради различни причини, вклучувајќи и спречување на прекуграничниот криминал. Бараме од Владата да поднесе барање до Европската комисија за започнување на процедурата за итно укинување на визната либерализација, зашто голем број Албанци кои пристигнуваат во Холандија како турсти, се вклучуваат во трговија со тешки дроги и шверц на луѓе кон Велка Британија, се истакнува во  барањето.

На собраниската седница шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, изјави дека заострувањето на визниот режим е неосновано и оти тоа може да ги комлицира односите со Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија пристигна „паксловид“, најсовремениот лек против коронавирусот

Редакција

Се затвораат основните училишта и градинките во Грција поради Ковид-19

Редакција

(Видео) Хрватската претеседателка и ја мести фризурата на новинарката на ХРТ

Редакција