еМагазин
Image default
Локално

Во Вардар кај село Кочилари пронајдено тело на 77-годишен велешанец

Седумдесет и седум годишниот велешанец Л.С. денеска е пронајден мртов во реката Вардар, во близина на село Кочилари.

Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10.00 часот.

Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авионите на ДЗС гасеа пожари во Орашец, Рамно и Ново Село, исфрлени 30 тони вода

Редакција

Струмичанка хоспитализирана откако се породила дома, бебето го нема

Редакција

Скопјанец ја бара малолетната ќерка

Редакција