еМагазин
Image default
Македонија

Преброени над половина од гласовите: Пендаровски 42,71 отсто, Силјановска 41,08 и Река 12,05

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 53,76 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,71 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,08, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 12,05 отсто.

Одѕивот во првиот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските навивачи провоцираа во Чаир, вели Спасовски

Редакција

На возраст над 50 години, 7 хоспитализирани: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Приведено 87-годишно лице за предизвикување пожар кај „Француски гробишта“ во Скопје

Редакција