Графичкиот дизајнер Зоран Кардула кој иницираше акција за собирање на уметнички дела за хуманитарни цели по повод пожарот во Атика, Грција вели дека Град Скопје се уште ги нема донирано делата во Атина.
„После катастрофалниот пожар кој ја зафати околината на Атина и во кој животот го изгубија повеќе од 100 лица во знак на солидарност дојдов до идејата да ја организирам Донирај уметност.
Самата иницијатива наиде на голем интерес. За месец дена беа донирани 73 дела од исто толку уметници. Донираните дела требаше да се предадат на градот Атина како знак на сочувство и солидарност од градот Скопје. Во таа насока се обратив до Град Скопје од каде добив поддршка во смисла на организирање и предавање на делата.
На 3ти септември делата беа изложени во КИЦ. На 10 септември град Скопје ги подигна делата од Музеј и ми го побараа списокот на сите дела и имињата на уметниците кои донираа за спремање на документацијата за Грција. Од тогаш до ден денешен делата не се предадени. Неколку пати се обидов да добијам информација за текот на настаните но одговор не добив.
Вчера еден од уметниците кој учествуваше со свое дело во акцијата ме информира дека едно дело го видела во депото на Музеј на Град Скопје. Крајно разочарувачки однос кон самата инцијатива и кон сите уметници.
Доколку од било која причина не можеле да го реализира градот она што го ветил ќе беше чесно да ме информира и да ги организирам уметниците да си ги подигнат своите дела. Се прашувам дали и воопшто некој знае што се случува со нив. Бидејќи моите обиди да добијам информација од прва рака се безуспешни морам вака јавно да побарам одговор“, вели Кардула на неговиот фејсбук-профил.
Инаку, 50 уметници се вклучија во акцијата на Кардула, а Град Скопје требаше логистички да помогне тие дела да се транспортираат до Атина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројката на уметници кои ќе донираат дела за помош во Грција се искачи на 50
25 уметници потврдиле донација на дела за помош на настраданите во пожарот во Грција
Уметниците ќе донираат уметнички слики за помош во Грција