еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката, како да проверите дали УЈП правилно Ви го пресметал персоналецот

Поголемиот дел од граѓаните, како што информираа од Управата за јавни приходи (УЈП) на своите кориснички профили веќе ги добиле пополнетите годишни даночни пријави, кои за прв пат ги пополнува УЈП.

За да проверите дали сте ја добиле годишната даночна пријава се логирате на Вашиот кориснички профил.

На Вашиот кориснички профил се регистрирате ОВДЕ.

Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова.

Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.

Истата можете да ја корегирате или потврдите до 31.5.2019 година.

„По истекот на законскиот рок на 1.6.2019 година, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана“, велат од УЈП.

Оние пријави што нема да бидат потврдени или ќе бидат без исправки, УЈП службено ќе ги потврди на 1. јуни.

Пријавите пак во кои граѓаните правеле измени, треба да бидат одобрени од УЈП.

Ако пак УЈП не се согласува со внесените изменети податоци од граѓаните, тогаш ќе донесе решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година, посочуваат од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната инфлација лани 9,4%

Редакција

Бранителите на Канческа Милевска побараа ослободителна пресуда

Редакција

Нов Зеланд прогласи крај на епидемијата на корона вирусот, ја укинува физичката дистанца

Редакција