Делегацијата на ЕУ во Македонија избира Европејци на годината. Тие номинираа петмина кандидати за кои сметаат дека оставиле печат со својата работа и се одлика на европските вредности.
Еве ги номинираните
– Creative Hub – Аријана и Бојан Коскарови е фамилијарното дуо зад Creative Hub кое Forbes неодамна го објави на листата на најдобри 30 претприемачи во Европа помлади од 30 години
– Honeyland – Тамара Котевска и Љубо Стефанов,се режисерите на овој филм кој се снимаше три години за на крајот да понуди исклучителна приказна и пренесе порака за вистинското место на човештвото во редот на природата.
– Дритон Вејсели, е познат како Талат – ликот на рецепционерот од популарната ТВ серија „Преспав“.
– Џамбо Агушев, потекнува од семејство со долга и значајна музичка традиција и го сметаат за крал на трубата и музички амбасадор на државата во светот.
– Граѓанска иницијатива „Не биди ѓубре“ која се грижи и ја чисти животната средина и им ја врши работата на надлежните институции.
Можете да гласате ОВДЕ.