еМагазин
Image default
ЖИВОТ

На Инфективна четири пациенти во тешка состојба поради компликации од морбили

Освен 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и двајца возрасни се во тешка состојба, информираат од оваа јавна здравствена установа.

Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани.

Станува збор за  две лица на возраст од 31 година од Бутел и од Тетово, 40-годишник од Сарај, 49-годишник од Чучер Сандево и 29-годишник од Струга, сите невакцинирани, 36-годишник од Бутел со непознат вакцинален статус, како и четиримесечно бебе од Сингелик, 11-месечно бебе од Гостивар и 2,5 годишно дете од Сопиште, сите невакцинирани.

На Клиниката има 46 пациенти од кои 28 се возрасни и 18 деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

69% од позитивните на Ковид-19 во последните 4 месеци не биле вакцинирани

Редакција

Проф. Трајковски: „Aко овој чуден тренд на зголемување на ефективноста на вакцината против смртен исход продолжи да се зголемува, можеби бројките се штелуваат“

Редакција

(Видео) Помеѓу Охрид и Струга има ринг за борби на кучиња на јавна површина

Редакција