На 04.05.2019 година во 01,30 часот во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево било пријавено дека во куќата на Н.П.(29) биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.