еМагазин
Image default
Македонија

Енвер Малиќи официјално прогласен за почесен конзул на Мексико

Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи и официјално е именуван за почесен конзул на Мексико во Македонија од претседателот на Обединетите Мексикански Држави.

Конзуларните функции на Малиќи се заштита на интересите на мексиканските државјани и организирање бројни активности со цел промовирање на Мексико на полето на трговијата, културата и туризмот.

„Mојата улога како почесен конзул на економски гигант како Мексико во Македонија мислам дека ќе помогне Македонија да се постави на мапата на поголемите пазари. Бидејќи главната амбасада на Мексико е со седиште во Белград и ги покрива Србија, Босна, Црна Гора, Косово и Македонија се надевам дека ќе постигнеме да бидеме поприсутни на овој голем пазар, а со тоа ќе го зголемиме и извозот од Македонија“, изјави Малиќи.

Енвер Малиќи е познат македонски бизнисмен, актуелен заменик-градоначалник на Скопје, советник на листата на ДУИ.

Тој е сопственик на групацијата „Гемак трејд“, која ги вклучува компаниите „Gekos group“ во Косово, резиденцијалниот комплекс „Парк Резиденс“ како и хоспиталити групацијата “Parkland Hospitality Group” на која припаѓаат веќе добро познатиот и реномиран хотел „Парк Хотел и Спа“ како и најновиот член на семејството „Next Door Park“ хотел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство: Вонреден инспекциски надзор за причините за смртта на велешкиот пациент

Редакција

Ако во Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром не се почитуваат мерките, општините ќе одат во карантин

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка е 809

Редакција