Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (или позната во јавноста како Антикорупциска комисија), Билјана Ивановска за Топ Тема на телевизијата Телма најави дека комисијата отвара предмет за премиерот Зоран Заев за случајот “Поткуп“ или познат и како „едно евро за Вицето“.
Заев е правосилно ослободен за „Поткуп“
Пред неколку недели Апелацискиот суд Скопје соопшти дека ја одбива како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.
Заев на 21. мај 2018 година беше ослободен од обвинението за случајот „Поткуп“.
За што се работи
Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
Снимката за „Поткуп„ се уште се „врти“ на You tube
Инаку дел од снимката за овој случај, направена со посебните истражни мерки, се уште се „врти“ на неколку канали на You tube, меѓу кои и на официјалниот канал на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев изминативе години постојано бараше да се објави целата снимка, а не само дел, за да се добие целосната слика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антикорупциска отвори четири постапки за премиерот Заев
Сите детали за предметот „Глобал“ за кој Антикорупциска го става на тапет премиерот Заев
Фото: Влада