Од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови поради што се очекуваат врнежи од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и од над 70 литри.
УХМР, освен врнежи, за наредните денови најавува и грмежи, како и силен ветер.
Локално, како што соопшти, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.