еМагазин
Image default
Локално

Од инфаркт почина затвореник во Идризово осуден за убиство

Затвореник од КПУ „Идризово“, осуден за убиство на 13 години казна затвор,  вчера починал на скопските клиники, од инфаркт. Директорот на затворот Боби Мојсоски информира дека на затвореникот му се слошило додека бил во затворот. Затворениците пробале да му помогнат, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.

„Затвореникот не се жалел на болка и според здравствениот картон, од септември минатата година не побарал никаква интервенција“, рече Мојсоски.

Починатиот затвореникот во петокот бил примен во КПУ „Идризово“, од затворот Скопје каде бил во притвор. Затвореникот бил осуден на 20 години за убиство на Езерото Треска, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Во пожар од бандера изгореа „Пасат“ и „Ауди А6“

Редакција

Се тепале тројца на двајца во дискотека во Градскиот парк

Редакција

Уште една девојка го пријави тренерот по џудо од Прилеп за сексуално вознемирување

Редакција