еМагазин
Image default
Бизнис

Две катни гаражи ќе се градат во комплексот клиники Мајка Тереза

На 135. редовна седница на Владата денеска е усвоена предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Од Владата информираат дека целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга.

Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Награда од 540 илјади денари за Борислав Трповски за неговиот ангажман во Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

„Лимак“, која го гради комплексот „Diamond of Skopje“, рангирана меѓу најдобрите градежни компании во светот за 2021 година

Редакција

ДИК склучи договор со печатницата Киро Д. Дандаро вреден 845,5 илјади евра

Редакција