Еден од најистакнатите македонски адвокати Александар Тортевски се огласи по признанието на пратеникот Павле Богоевски дека неговиот глас е на снимката од аудио-бомбата, на која може да се чуе како нарачува недозволени супстанци.
„0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто. Најмалку една година затвор. Законите мора да се почитуваат додека важат. Во спротивно некој ќе Ве убие и ќе каже дека ве еутаназирал, бидејќи многу сте биле болни и нејќел да се мачите. Така што Пајо, ОСТАВКА ВЕДНАШ, А ДРУГОТО ВО ОЈО“, напиша Тортевски на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драган Спасов Дац побара оставка од пратеникот Павле Богоевски
Павле Богоевски за аудио-бомбата од Будимпешта: Нарачував масло од канабис, а не кокаин
По признанието на Богоевски: Оставка или амнестија на сите осудени за набавка на масло од канабис
Твитер „полуде“ по снимката со кокаинот: „Илија Громовник е мојот Стево Пендаровски“
Од Будимпешта „експлодира“ нова „бомба“
Фото: Телма