еМагазин
Image default
Македонија

Петнаесет студенти во анкета пријавиле дека им биле барани сексуални услуги од професори

Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Претежно таквите услуги биле побарани од женските студенти.

– Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

На прашањето „дали лично сте се соочиле со дискриминација“ со „Да“ одговориле 58 отсто од анкетираните, додека 62 отсто изјавиле дека тоа го направиле професори.

Податоците од анкетата беа презентирани на тркалезна маса на тема „Родова дискриминација во средното и високото образование“ што се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа.

– Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните органи во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на дискриминација, истакна Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.

Во рамки на проектот ќе има и изложба на фотографии на која е прикажана дикриминацијата.

Конкурсот за пријавување е отворен до 31 мај, а ќе има награди за тројцата најдобри.

МИА/Фото: David Pereiras/Shutterstock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски од Кораб, а Груевски со сеќавање на студентските денови го честитаа Денот на независноста

Редакција

(ВИДЕО) Ретроспектива: Две години од „крвавиот четврток“ во Собранието

Редакција

За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент

Редакција