еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Заев: Тамара и тимот станаа херои на земјата и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за своите права

Премиерот Зоран Заев ја прими Тамара Тодевска, и комплетниот авторски и сценски тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата – Евросонг 2019.

Тој во свое име, во име на Владата, како и во име на граѓаните на нашата земја ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата екипа за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).

„Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи“, велат од Влада.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: Континуирано земање на диазепам, може да создаде зависност

Редакција

Доктор Беќаровски: Ковид-бројките рапидно ќе растат поради доаѓањето на омикрон БА 4 и 5

Редакција

Од вечерва промена на времето: Нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција