еМагазин
Image default
Македонија

Смена на министри и други функционери до средината на јуни

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла “ во Владата и други државни институции, и дека веќе разговара со некои од нив. Очекува првите промени да се случат најдоцна до средината на јуни.

-Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партнерството помеѓу СДСМ и ДУИ стабилно, а довербата помеѓу Заев и Ахмети голема, вели премиерот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Владата велат дека со внимание и сериозност пристапуваат по сите одлуки и препораки на УНЕСКО

Редакција

И Чинговски сведочеше на судењето за “Плацеви на Водно“

Редакција

Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти

Редакција