еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осомничениот за убиството на Пинета Секондо во бегство: Потресни детали од Обвинителството

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за убиство на Пинета Секондо, кој од декември минатата година е пријавен за исчезнат, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител побарал притвор против осомниченото лице.

Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот.

Тие заедно со патничко моторно возило „опел аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје.

Осомничениот извадил огнено оружје – пушка и го застрелал оштетениот во пределот на главата. Од нанесените повреди Секондо веднаш починал.

По стореното дело, во обид да се скријат трагите, телото на починатиот било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе.

Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезнатиот Пинета Секондо пронајден мртов, МВР со кривична за убиство за две лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билјана Алампиоска Андреевска, колекционер на „Малиот принц“: Ја поседува книгата на 51 јазик и има повеќе од 60 различни изданија

Силвана Жежова

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува уставни измени под вакви услови, но е спремна да влезе во влада со СДСМ без ДУИ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе се изјасни околу референдумот

Редакција