На 02.06.2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“, информира МВР.
На улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието на РСМ било оштетено патничко моторно возило “Шевролет Спарк“ сопственост на МВР. Т.П.(17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на Плоштад Македонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете.
Исто така, приведен е и Ж.М. (36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Немили сцени од прославата за „Вардар“: Со бекатон плочки му го каменувале „Аудито“
(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси
И Стинг стана вардарец, ЕХВ му се извини за одложувањето на концертот
(ВИДЕО) „We Are the Champions“: Како изгледаше доделувањето на пехарот на тимот на Вардар