Кичевчанецот кој на Фејсбук се преставува како „Ел Чека“ продолжи со објавување на нови „бомби“ од Чикаго, САД.
И новите нелегално прислушувани материјали се однесуваат на поранешни државни и актуелни партиски функционери на владејачката ДУИ.
„Ел чека“ во статус на Фејсбук упати и ново предупредување до македонскиот премиер Зоран Заев, „да внимава“ да не им случи нешто на затворениците од т.н. Кумановска група, осудени за настаните во „Диво насеље“.
Тој вели дека му пренеле оти осудените Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи не треба да ја јадат затворската храна ниту пак, да излегуваат од ќелиите, за да не настрадат.
„Ако им се случи нешто на тројцата, Заев треба да ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници!“, пишува на Фејсбук, „Ел Чека“.
Пред неколку дена тој од Заев побара меѓународна истрага за настаните во „Диво насеље“ и да ги уапси криминалците во Владата, оти ќе „паднел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?
„Ел Чека“ продолжува со „бомби“ на Фејсбук, а „Зоран Заев“ на You tube
„Бомбите“ на Ел Чека ќе ги слуша и ЦИА, а Заев ќе „падне“, ако не се уапсат криминалците во Владата
Фото: Фејсбук/Ел Чека