Од Владата, Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт најавија финансиска помош за ракометниот клуб Вардар, кој по втор пат освои европска титула.
Најавите предизвикаа различни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, од тоа дека Вардар, кој се соочува со финансиски проблеми, заслужува помош, до тоа дека тоа е приватен спортски клуб и нема потреба државата да го помага.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Не би да деранжирам ама да ја прашам @VladaMK колку пари има дадено на децата со нетипичен развој од Денсерс Јунајтед кои веќе неколу години каде и да настапуваат носат злато?
— 31 (@partizangunner) June 4, 2019
Ако не па напрајте бројчаникот да ги брои титулите на Вардар. pic.twitter.com/v3SKQvgdBH
— Вујкото Ване (@Vujkoto_Vane) June 5, 2019
Првите пари се фрлаат у Вардар
— ema (@glinenaa) June 4, 2019
Вардар ќе добие 700 000 еур, со тие пари колку амбулантни возила можеа да се купат?
Прашувам за едни вмрани, дека за Тамара се утепаа од пресметување колку возила можат да се купат од 100 000 еур што ги доби.— Стојко Мојов (@StojkoMojov) June 4, 2019
Е сега ме интересира, дали РК Вардар овие средства би ги донирал за амбулантни возила? https://t.co/qrnavoIFY5
— Che (@Che_kubanecot) June 4, 2019
Штом е приватен државата не треба да го финансира.
*побогу за џабе ли Бранко правеше приватизација— 100Le (@baljumbaljum) June 5, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вардар победува кога нема скршен денар: Бизнисмените и државата се на ред да застанат зад клубот
Наместо пренос од историскиот меч на Вардар, во живо од пречекот: Кво вадис МРТ?
„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје
Фото: Град Скопје