еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) На Криволак започна најголемата воена вежба во историјата на Македонија, „Одлучен удар“

Над 2.700 припадници од армиите на шест држави, домаќинот Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија на воениот полигон Криволак од денеска до деветти јули, ќе бидат дел од досега најголемата вежба организирана во нашата држава, „Одлучен удар“.

Планирачкиот процес за развој на вежбата траел 16 месеци, а вклучени биле 80 офицери и подофицери од шесте земји – учеснички.

Македонската армија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.

Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји.

Фото/видео: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова веб-страница на која може да се добиваат информации за корона вирусот

Редакција

(Видео) Индија ја откри највисоката статуа во светот: Два пати повисока од „Статуата на слободата“

Редакција

Акција на МВР и Обвинителство, приведени повеќе лица меѓу кои и поранешен функционер на ДУИ

Редакција