еМагазин
Image default
Македонија

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев

Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објави кусо соопштение по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Берлин.

Меркел и Заев, како што се наведува, разговарале за билатералните односи, а фокусот бил ставен и на „прашање од надворешната и европската политика“.

Во соопштението не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на Владата на Северна Македонија за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на спорот за името со Грција што траеше од 1991 година.

Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присустрвуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, се наведува во соопштението од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објавено по 40-минутната средба со премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за датум во септември

Траеше 40 минути: Кога почна, кога заврши средбата помеѓу Заев и Меркел

„Заев до Меркел: Ако не, па името да го вратиме„: Твитер реакции за датумот за преговори со ЕУ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред два дена се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“, тврди Мицкоски

Редакција

Протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на Македонија, вели Петровска

Редакција

Дали да се ставаат налепници или ќе се вадат нови: Од Влада се чека решение за регистарските таблички

Редакција