еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на Македонија, вели Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин

Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.

-Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава.

Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава, изјави министерката.

Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

-Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни, тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно –  разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, увери Петровска.

Неодамна Министерството за надворешни работи на Македонија потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

-На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), беше наведено во соопштението на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите 21 протерани руски дипломати од Македонија се занимаваа со шпионажа, тврди Пендаровски

Кој е рускиот свештеник, кој е протеран од Македонија

По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник и уште двајца црковни службеници

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи утре оди за Софија каде ќе биде потпишан Протоколот со Бугарија

Редакција

За една недела 86 деца до 9 години заболеле од Ковид-19

Редакција

Ќе се протне ли Тиранската платформа на „мала врата“ со уставните измени?

Редакција