еМагазин
Image default
Македонија

Бугарската министерка Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.

– Дали може да го добијат двете држави, не можам да бидам сигурна. Добрата вест е што не се разделуваат двете земји, како што сакаа некои земји од Европската Унија. Одлуката е, не подоцна од октомври Советот да се врати кон разгледување на таа тема и да препорача почеток на преговорите, нагласи Захариева.

Таа истакна дека Бугарија ги поддржува и двете земји.

– Ние сметаме дека ќе биде историска грешка, ако не почнат преговорите со двете земји сега, потенцираше Захариева.

Министерката наведе дека позицијата на Бугарија со години е јасна, истакнувајќи дека Софија дава силна поддршка за проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.

– Сите држави, дури и они кои се поскептични во однос на проширувањето ја поддржаа европската перспектива за земјите од Западен Балкан, како едни од најголемите двигатели за реформите и демократизацијата во регионот, како и за безбедноста и стабилноста, нагласи Захариева.

МИА/Фото: МНР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема правда, нема датум, нема ЕУ

„Ќе се апси ли нешто до октомври или по одмори ќе се иде?„: Твитер реакции за недобивањето датум за преговори со ЕУ

ЕУ експерти: Одлагањето на датумот за Македонија е грешка која не смее да се повтори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џес Бејли за ТВ 21: Не бев во Собрание, гласањето за стартот на уставните измени го гледав на телевизија

Редакција

Русковска за „360 степени“: Сите што сакаат да ме пријават нека ги достават доказите до МВР!

Редакција

(Фото) Царината на Богородица заплени девизи и злато во вредност од еден милион евра

Редакција