еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира Visa и MasterCard картичките

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите Visa и MasterCard платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник NLB Pay и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство, информираат од Банката.

„Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти. Пред една година го воведовме мобилниот паричник NLB Pay со дигитализација на MasterCard картичките, а денес сме горди што можеме да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на Visa картичките.

Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во NLB Pay мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

NLB Pay мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем кој поддржува NFC технологија. NLB Pay мобилниот паричник овозможува бесконтактни плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство.

Инсталирањето на NLB Pay мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнаа Orange Days во Кредисимо!

Редакција

Регистрирај се на megawin.mk и учествувај во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на МЕГАВИН“

Редакција

Пензиските друштва ќе ги едуцираат младите: Започна кампањата „Засади желба, за поубава иднина“

Редакција