еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение против „Ел Чека“ за „бомбите„ за ДУИ

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица.

Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.

Во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.

Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ел Чека“ продолжува да „пука“ нови „бомби“ за ДУИ

„Ел Чека“ е Бугар“: Гоце Делчев „главен“ на Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивица Тодориќ обвинет за падот на „Агрокор“: Гигантот што се сруши како кула од карти

Редакција

Смени во менаџментот на фабриката Карпош

Редакција

Ударите кои ги задала обвинетета Клементина Левковска не придонеле кон смрта на Денис Тот, смета одбранта на обвинетата

Редакција