На 27.06.2019 во 18.40 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „Опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(63) од Гостивар, удрило во Б.И.(60) од Гостивар, информира МВР.
Б.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Ургентното одделение во Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.