Во Скопје денеска ќе се одржи првата Парада на гордоста, „Скопје прајд“.
„Влезот во маршот започнува во 11 часот кај Жена-парк (до триумфална капија) и истиот ќе биде затворен во 11:45. Ги замолуваме сите учесници да дојдат во 11 часот за олеснување на влезот и почетокот на прајдот. Вашите торби ќе бидат проверени од страна на нашето приватно обезбедување.
Ги потсетуваме сите посетители да носат со себе колку што е можно повеќе вода со себе!“, порачуваат организаторите на Фејсбук.
Организаторите инсистираат да не се носат стаклени и остри предмети, пиротехника и балони. Таквите предмети ќе бидат одземени од обезбедувањето.
На Парадата во забавниот дел ќе настапи и пејачката Тамара Тодевска, а ќе се обрати и министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска.
Најавено е учество и на други политичари.
Од МВР пак пред неколку дена најавија дека безбедноста на учесниците на Парадата е загарантирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Скопје и „Парада на гордоста“ и „Марш на гордоста“, учество на него најави и Владиката Агатангел
МВР: Посебен сообраќаен режим за „Парадата на гордоста“ и маршот „Сведоштво за семејство“
Кога и зошто се одржа првата Парада на гордоста