еМагазин
Image default
Локално

Тетовски автобус се запали во близина на Дубровник, нема повредени

Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник, изјави за МИА Хафет Арифи, вработен од компанијата „Хафет турс“.

Со автобусот на превозникот „Хафет турс“ од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.

Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.

– Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж, тврдат од компанијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ доби современ апарат за литотрипсија и нов апарат за мамографија

Редакција

Во Скопје санкционирани 339 возачи

Редакција

Ученик повреден со нож во тепачка во средното медицинско училиште во Гостивар

Редакција