еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Причинета голема материјална штета при излизгувањето на вагоните од товарниот воз кај Куманово

Причинета е голема материјална штета при излизгувањето на вагоните од товарниот воз кој сообраќал на релација Скопје – Куманово, информира „Македонски железници – Инфраструктура“.

– Според комисијата која е на терен од утринските часови, направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета од овој немил настан, според Комисијата која води истрага за утврдување на причините за несреќата, ќе се знаат по завршување на истрагата, велат од МЖ-Инфраструктура.

Од претпријатието ги демантираат информациите дека железничкиот сообраќај во овој дел на пругата ќе биде во прекин 10 дена.

– Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија се мобилизирани и работат вагоните да се тргнат од пруга, и од моментот кога истите ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија, се наведува во соопштението.

Вагоните од товарниот воз се излизгаа утринава оолу два часот. Во несреќата нема повредени лица.

Видео од местото на несреќата на Твитер објави новинарот Фуркан Салиу:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за железничката несреќа кај Куманово

Фото/видео: Салиу/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можното прашање за консултативен референдум: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“

Редакција

ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

Редакција

За една недела 53 деца до 9 години во Македонија заболеле со Ковид-19

Редакција