еМагазин
Image default
Македонија

Увидот ќе ги покаже причините за несреќата со излетувањето на возот кај Куманово

Увидот кој го вршат Македонски железници Транспорт, Македонски Железници Инфраструктура, МВР и Основното јавно обвинителство ќе ги покаже причините за несреќата што се случи утрово во 01:50 часот кога вагоните од товарниот воз се излизга од шините, во близина на кумановско Черкезе, соопшти денеска, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кој заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани извршија увид на местото на несреќата.

По завршување на увидот, посочија надлежните, претпријатијата се подготвени да ги отстранат вагоните, да се санираат штетите и да се пушти повторно сообраќајот кој сега е во прекин. Владата ќе понуди поддршка на институциите во најбрз можен рок да се санираат последиците од несреќата, посочија вицепремиерот и министерот.

– Среќна околност е што нема повредени, нема жртви во целата несреќа, има материјална штета која е причинета и која е евидентна која ќе се утврди дополнително. Ние како Влада ќе направиме се што е во наша моќ, по завршувањето на увидот се надеваме дека тоа ќе биде во текот на денот и ноќта, а од утре да почне санацијата на колосекот за да може да се воспостави повторно транспортниот правец север-југ, односно Коридорот 10, кој што во моментов ќе биде во застој, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани рече дека материјалните штети ќе бидат покриени од осигурувањето. Тој потенцираше дека во 2012 година бил потпишан договор за реконструкација на 60 километри од Коридорот 10.

– Еден од тој реконструиран дел е Табановце -Куманово, а од Куманово до Скопје има делумна нивелизација и регулација на постоечката пруга која само по себе покажува дека параметрите се запазени и кондицијата на пругата е запазена, согласно стандардите кои ние ги водиме, инкорпорирани во сите закони правилници кои што ги користиме, изјави Асани.

Во 23 часот, рече Асани на ова место поминал експресниот воз Солун-Белград, во 36 минути по полноќ поминал друг воз кој заминал од Скопје кон Табановце со 33 вагони или 800 тони и во 01.50 истиот воз се вратил товарен.

-И после поминувањето на патниот премин што убаво се гледа и на камерите дека немал некоја да кажеме посебна ситуација се случило искривувањето на третиот вагон и после останата работа се случила како резултат на тоа искривување, изјави Асани.

Тој рече дека претпријатието е подготвено откако ќе се расчисти пругата, максимално за 24 часа да ја пуштат пругата за проток со брзина од 60 километри, па за два три дена по завршување на потребните процедури и прописи ќе се пушти редовно со 100 километри на час.

Одоговарајќи на новинарско прашање дали неправилноста при товарањето на вагоните е првична неофицијална идниција за настанување на несреќата, Асани посочи дека тоа е една од индициите кои се гледа.

-Тука се гледа, колку тоа делувало ќе го каже извештајот. Исто така ги гледаме и другите причини, си има процедура, си има ред како се прават овие работи. Ние нормално дека нема да криеме ниеден од елементите. што и да се случило ќе бидеме отворени да ги кажеме и да преземем одговорност за тоа, изјави Асани.

МИА/Фото: Салиу/Твитер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Причинета голема материјална штета при излизгувањето на вагоните од товарниот воз кај Куманово

МВР со детали за железничката несреќа кај Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остануваат клучните разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта за иднината на СЈО

Редакција

Зеколи: Заев, не паламуди, туку објасни дали со Биг Мајк се имаш сретнато како премиер или како приватен директор на марихуана-трејд

Редакција

Осуда за инцидентите од пред Влада и Собрание од СДСМ и ДУИ

Редакција