еМагазин
Image default
Локално

Притвор за крадецот кој беше фатен од полицајката која го преплива Вардар за да го уапси

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје , за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 25 мај и на 5 јули извршил две тешки  кражби на дрзок начин, одземајќи накит од сега оштетените, додека тие се движеле по улица. Откако  ќе ги забележал жртвите, започнувал со следење се додека не се увери дека во нивна близина  нема други лица. Во тој момент осомничениот се доближувал и од вратот на оштетените  го кинел и одземал накитот  –  златни ланчиња. Во вршењето на кривичното дело на 25 мај учествувало уште едно, засега непознато лице.

По втората тешка кражба извршена  околу 17.30 часот, осомничениот бил забележан од случајни минувачи, започнал да бега по што навлегол во водите на реката Вардар, но бил престигнат и совладан од страна на полициски службеник.

Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до надлежниот суд достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Потег за почит: Полицајка го преплива Вардар за да фати опасен разбојник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вардар се излеа кај новиот мост во Аеродром, можна причина градежните активности кои се изведуваат таму

Редакција

Скопјани на 112 пријавиле оштетени фасади, откорнати олуци и откорнат лимен покрив од зграда

Редакција

Тетовец и нанел телесна повреда на сопругата

Редакција