еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, одложено за 12 септември

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ „Талир” се одложува за 12 септември, поради отсуство на еден од поротниците.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, спроведен од притвор, Кирил Божиновски спроведен од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски.

На екс-премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Редакција

Од утре заладување, утринските температури околу нулата

Редакција

Повеќе институции се вклучуваат во истражувањето на смртта на велешанката во чие што распаднато тело е откриен корона вирусот

Редакција