еМагазин
Image default
Македонија

Потпишана спогодба за безвизен режим меѓу Северна Македонија и Украина

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук денеска потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји, со која се очекува да се даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и за развој на туризмот.

– Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи.

На средбата меѓу Димитров и Задорожњук биле потврдени традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и Украина, а  се зборувало и за актуелни прашања од заемен интерес.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатите во пожарот во Тетово се на возраст од 29 до 79 години

Редакција

Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“

Редакција

Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на Благојче, вели министерот Сали

Редакција