еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Јанева си поднесе неотповиклива оставка

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од челната позиција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“, се вели во соопштението од СЈО.

Таа додава дека чест ѝ било да и служи на државата и да биде на чело на „исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи.“

„Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја.

Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален јавен обвинител, себе си и на граѓаните ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена“, вели Јанева.

Таа јавно се заблагодари на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој, како што вели, испишале историја.

„Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција“, додава Јанева.

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) НАСА го лансираше најмоќниот сателит во историјата

Редакција

Димитров: Ние зборуваме македонски, грчките Македонци грчки јазик

Редакција

Секој пратеник сам треба да си одлучи дали ќе се вакцинира или не, вели Џафери

Редакција