еМагазин
Image default
Македонија

Русковска е почестена од предлогот на Заев да го води „новото СЈО“, но смета дека е рано за честитки

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска во интервју за емисијата „Код“ на телевизија Телма вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитики.

– Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме  конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието, вели Русковска.

Таа рече дека не го чувствува предлогот како награда.

– Како може нешто да чуствувате како награда кога ќе имате повеќе работа отколку што сте имале. Мислам дека не може да стане збор за награда, посочува Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

„Заев ако те сакала Катица вистински ќе ти се врати„: Tвитер за “новото СЈО“ кое ќе го води Вилма Русковска

(Видео) Заев: Вилма Русковска на чело на „новото СЈО“ кое ќе работи под капата на Државното обвинителство

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои ќе бидат новите пратеници во Собранието, откако Костадинов, Муцунски, Костовски и Јорданов станаа градоначалници

Редакција

Убава вест: 197 оздравени од Ковид-19

Редакција

Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен

Редакција