еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

На 17.09.2019 година околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П.(28) и Д.Г.(26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“, информираат од МВР.

„При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Ковачевски инцидентот во Охрид имал за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

Редакција

Убава вест: Оздравени 245 пациенти од Ковид-19

Редакција

На Кина и се заканува меѓународна изолација, ако не соработува во истрагата за потеклото на Kовид-19

Редакција