еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Фактори на ризик и превенција на несакани последици од алергии на храна

Алергија на храна е реакција на имунолошкиот систем што се случува веднаш по јадење одредена храна. Дури и мала количина на храна што предизвикува алергија може да предизвика знаци и симптоми како што се проблеми со дигестивниот систем, уртикарија или оток на дишните патишта.

Кај некои луѓе алергијата на храна може да предизвика сериозни симптоми или дури и опасни по живот реакции познати како анафилакса.

Алергијата на храна се јавува кај околу 6 до 8 % од децата и под 3 % кај возрасните. Без примање на терапија, некои деца ја надминуваат алергијата на храна со возраста.

Лесно може да се помеша алергијата на храна со многу почеста реакција позната како интолеранција на храна. Иако е здодевна, интолеранцијата на храна е помалку сериозна состојба која не го вклучува имунолошкиот систем.

Фактори на ризик

Факторите на ризик од алергија на храна вклучуваат:

Семејна историја. Постои зголемен ризик од алергии на храна ако астма, егзема, уртикарија или алергии како што се поленска треска се чести во едно семејство.

Други алергии. Ако веќе постои алергија на една храна, можеби постои зголемен ризик да се јави алергија на друга. Слично на тоа, ако имате други видови на алергиски реакции, како на пример, поленска треска или егзема, ризикот од алергија на храна е поголем.

Возраст. Алергиите на храна се почести кај децата, особено кај малите деца и доенчињата. Како што детето расте, неговиот дигестивен систем созрева и неговото тело е помалку веројатно да апсорбира храна или компоненти на храна кои предизвикуваат алергии. За среќа, децата обично ги надминуваат алергиите на млеко, соја, пченица и јајца. Тешки алергии и алергии на јаткасти плодови и школки се со поголема веројатност да бидат доживотни.

Астма. Астма и алергија на храна најчесто се јавуваат заедно. Кога ќе се појават симптоми на алергија на храна , тогаш симптомите на астма имаат поголема веројатност да бидат сериозни.

Фактори кои можат да го зголемат ризикот од развој на анафилактична реакција

– позитивна анамнеза за астма

-помали деца или деца тинејџери

-одложена употреба на епинефрин во лекување на симптомите на алергија на храна

-ако нема податок за уртикарија или други кожни промени.

Компликации

Компликациите од алергија на храна може да вклучуваат:

-Анафилакса. Ова е опасна по живот алергиска реакција.

-Атопичен дерматитис (егзема). Алергијата на храна може да предизвика реакција на кожата, како што е егзема.

Превенција

Најдобар начин да се спречи алергиска реакција е да се знае и да се избегне храна која предизвикува алергиски знаци и симптоми. За некои луѓе, ова е само непријатност, но други го сметаат за поголем проблем.

Исто така, некои продукти – кога се користат како состојки во приготвување на одредени јадења – може да бидат добро скриени. Ова е особено важно во рестораните и во други социјални средини.

Ако знаете дека имате алергија на храна, следете ги овие чекори:

-Знајте што јадете и пиете. Внимателно прочитајте ги етикетите за состав на храната.

-Ако веќе сте имале сериозна реакција, носете нараквица или ѓердан што им овозможува на другите да знаат дека имате алергија на храна во случај да имате реакција и не можете да комуницирате.

-Разговарајте со вашиот лекар за пропишување епинефрин. Можеби ќе треба да носите епинефрин-автоинјектор (Adrenaclick, EpiPen) ако сте во опасност од тешка алергиска реакција.

-Бидете внимателни во рестораните. Бидете сигурни дека вашиот келнер или готвач е свесен дека апсолутно не смеете да ја јадете храната на која сте алергични, а вие треба да бидете целосно сигурни дека оброкот кој го нарачувате не го содржи.

Исто така, бидете сигурни дека храната не е подготвена на површини или во тави кои содржат било која од храната на која сте алергични. Не се колебајте се да ги запознаете со вашите потреби. Членовите на рестораните вообичаено се повеќе од среќни да ви помогнат, кога тие јасно го разбираат вашето барање.

-Планирајте јадења и закуски пред да тргнете од дома. Доколку е потребно, земете ладилник преполн со храна без алергени кога патувате или одите на некој настан. Ако вие или вашето дете не можете да земете торта или десерт на забава, донесете одобрен специјално припремен колач, за да никој не се чувствува изоставено од прославата.

Ако вашето дете има алергија на храна, земете ги овие мерки на претпазливост за да ја осигурате неговата / нејзината безбедност:

-Известувајте ги клучните луѓе дека вашето дете има алергија на храна. Разговарајте со негователките, училишниот персонал, родителите на пријателите на вашето дете и други возрасни лица кои редовно комуницираат со вашето дете.

Нагласете дека алергиската реакција може да биде опасна по живот и бара итно дејство. Бидете сигурни дека вашето дете, исто така, знае веднаш да побара помош, ако тој или таа реагира на храна.

-Објаснете ги симптомите на алергија на храна. Научете ги возрасните кои поминуваат време со вашето дете како да препознаат знаци и симптоми на алергиска реакција.

-Напиши акционен план. Вашиот план треба да опише како да се грижите за вашето дете кога тој или таа има алергиска реакција на храна. Обезбедете копија од планот за училишната медицинска сестра на вашето дете и за другите кои се грижат и го надгледуваат вашето дете.

-Дали вашето дете носи медицинска нараквица или ѓердан. Ова предупредување ги наведува симптомите на алергија на вашето дете и објаснува како другите можат да обезбедат прва помош во итен случај.

Прим. д-р Соња Петровска, педијатар во Zan Mitrev Clinic

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 е хоспитализиран, можно е да биде опериран

Редакција

Како ВМРО ДПМНЕ од една од најбогатите партии во Европа, стигна да има финаниски проблеми и замрзнат имот

Редакција

Трифун Костовски: Кривичните пријави се на иницијатива на „човекот со чисти раце“, гласноговорникот во името на Зоран Заев

Редакција