еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“

„Скопски пазар“ АД Скопје преку Македонската берза ја известува јавноста дека согласно состојба од акционерска книга на ден 24.07.2019 година има промена во сопственоста на компанијата.

„ЗСФ-КОМ“ ДООЕЛ Скопје е сопственик на 10.960 обични акции што е 17,44% од обичните акции со право на глас или 12,81% од вкупниот број на акции на друштвото“, соопшти компанијата.

еМагазин веќе пишуваше дека во изминативе неколку денови во повеќе блок-трансакции во вкупна вредност од над два милиони евра беа продадени неколку илјади акции од „Скопски пазар“.

„ЗСФ-КОМ“ е градежна компанија во сопственост на поранешниот пратеник Фатмир Етеми, која од неодамна се јавува и како еден од најголемите акционери во Комерцијална банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Скопски пазар“ ја „здрма“ берзата: Продадени акции за 1,5 милиони евра

„Скопски пазар“ втор ден ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 844.000 евра

НБРМ даде согласност: Фатмир Етеми нов член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Фото: „ЗСФ-КОМ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Отворен Оддел за онкологија во тетовската болница

Редакција

Во септември пад на бројот на дозволи за градба

Редакција

Јавните претпријатија трошат наши пари и затоа е важно да ги управуваат најдобрите

Редакција