Министерството за образование и наука по распишаниот тендер за сукцесивна набавка на гориво за моторни возила со безготовинско плаќање на бензинските пумпи за период од една година склучи договор со друштвото за трговија на нафтени деривати и услуги „Лукоил Македонија“ ДООЕЛ Скопје.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 5.900.000 денари или околу 95.000 евра.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.