На 02.08.2019 година во 00,35 часот во с.Желино–тетовско во угостителски објект сопственост на Ј.Ф. (42) од с.Желино, при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово, три албански државјанки биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, информира МВР.
При фотодокументирање на настанот од крим.техничар од СВР-Тетово, од страна на гостин во објектот Ш.И.(48) од с.Желино бил нарушен јавниот ред и мир, поради што бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.