еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Највисоката температура во земјава од 45,7 степени е измерена во Демир Капија во 2007

Највисоката температура во земјава од 45,7 степени е измерена во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Тоа лето се регистрирани и 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 во Штип и 43,3 степени во Скопје.

Според евиденцијата на УХМР, највисоката температура за август во периодот од 1951 до 2018 година е измерена, исто така во Демир Капија 44,5 степени.

Во август во Гевгелија максималната измерена температура е 43,8 степени, во Штип 41,7, во Скопје 41, Струмица 40,5 степени, Прилеп 39,4, Битола 39, Крива Паланка 38,2, Охрид, 36,7, Берово 36, маврово 35,1 и Лазарополе 34,1 степен Целзиусов.

Метеролозоите за наредните денови најавија тополотен бран со температури до 41 степен. Од денеска е активирана жолта, а од утре портокалова алертна фаза.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беќаровски бара помош за пребројување на граѓаните кои го прележале Ковид-19

Редакција

Уништен муралот кој пренесува порака за солидарност и заедништво: Омразата во општеството е влезена во секоја негова пора

Редакција

(Фото) Американската амбасадорка Брнз со сопругот даруваше крв

Редакција