еМагазин
Image default
Локално

Велешки дилер приведен во Битола

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ во координација и соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Секторот за внатрешни работи – Битола реализираше случај на откривање на недозволена трговија со марихуана, информира МВР.

На 06.08. по претходно обезбедени оперативни сознанија на влезот во Битола сопрено е патничко моторно возило “Мазда“ со велешки регистерски таблички, управувано од Д.Д. (38) од Велес, и при извршениот преглед во возилото пронајдена е марихуана, како и три полиетиленски пакувања со бела прашкаста материја.

Одземените дрога е предадена на ОКТИВ при МВР за вештачење. Покрај ова, вчера по издадена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Велес, беше извршен и претрес во дом и други простории кај Д.Д., при што пронајдена и одземена е марихуана.

Против Д.Д., кој е лишен од слобода од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангелов очекува следната недела да има информации за штетата на мостот „Беласица“

Редакција

За празниците дежурни лекари во сите скопски поликлиники

Редакција

Украдени над 25 илјади евра од просторија за брз трансфер на пари во Струмица

Редакција