еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“ кој го води Лиле Стефанова од СЈО

По едномесечната летна судска ферија, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Последното рочиште за овој предмет на 5 јуи беше одложено поради неприсуство Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.

Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи и докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година.

Предметот „Титаник“ го води специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет“, што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Стефанова е повикана утре во Јавното обвинителство за да даде изјава во врска со случајот „Рекет“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши судската ферија: СЈО ќе „тера“ со судските предмети и ќе одговара за „Рекет“

Судењето за „Титаник“ одложено оти не дојдоа обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Обвинителката од СЈО, Стефанова ќе сведочи во Обвинителството во вторник, по неа и Јанева

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата воведе нови правила за судовите и обвинителствата: Се одложуваат затворските казни до три години

Редакција

(Видео) Ученик нападнал професорка во Велeс, јавноста дозна после три години

Редакција

Починаа уште 12 лица од Ковид-19, вкупно 2.522

Редакција