еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Не чувствува вина: Јанева била повикана како сведок за “Рекет“

Не чувствувам вина, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

На новинарско прашање дали очекува да биде проширена истрагата и на неа, Јанева кажа дека тоа треба да го каже обвинителката што го води случајот. Таа рече и дека не знае дали има инволиварано некој политичар.

Прашана дали е нејзиниот глас на објавената видео снимка на која на Јордан Камчев му вели дека „се ќе биде во ред“, Јанева рече дека засега не може и не смее тоа да го каже зашто во истрага не се споделуваат информации.

– Се надевам дека ќе има судење, ќе се гледаме уште, додаде шефицата на СЈО.

На прашањата дали знае каде се парите од „Рекет“ и дали Камчев е се уште осомничен, Јанева одговори: „да“.

За одземените телефони, рече дека се уште се на анализа во обвинителството, а за тоа дали се форматирани, изјави дека бил форматиран третиот телефон што е изгубен.

Таа не кажа зошто предложила спогодба за предметите „Империја“ и за „Поштенска банка“ и ослободување на обвинетите.

Додека одговараше на новинарските прашања, адвокатот Стеван Павлевски неколкупати ја предупреди дека не е на распит со цел да прекине со изјавите.

Павлевски кој денеска ја придружуваше Јанева во обвинителството е адвокат на Цветан Панделевски, еден од осомничените во предметот „Империја“ на СЈО.

МИА/Видео: А1он/фото: СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Дали ќе стане осомничена или сведок: Катица Јанева конечно на распит за “Рекет“

“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Плодните земјоделски земјиште не смеат да служат за производство на струја, велат од „Еко-свест“

Редакција

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Редакција

До 31 август бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи во системот за централно греење

Редакција