еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен екс-пратеникот Љубомир Јосифовски поради сомнеж за неовластен упад во компјутерскиот систем на Централниот регистар

Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен на распит во полициската станица Беко во Скопје.

Јосифовски се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ“, информираат денеска од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централен регистар: Извршен е упад во компјутерскиот систем, податоците не се загрозени

Фото: Фејсбук/Јосифовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Болните од Ковид-19 ќе се примаат во модуларната болница, на Инфективна нема место

Редакција

(Видео) Победа над Ковид-19 во Нов Зеланд: Одржан концерт со 50.000 посетители без маски и дистанца

Редакција

Урнебесни видеа: Како се справуваат луѓето низ светот со карантинот и самоизолацијата поради корона вирусот

Редакција